Драган Филиповиќ е претседател на Извршниот одбор на
Generali Осигурување Србија и претседател на Одборот на директори на Generali
Осигурување Црна Гора од 1 јануари 2016 година. Истата година станува и член на
групата Generali Leadership, која брои двесте најистакнати менаџери на
Generali групацијата со вкупно 70.000 вработени ширум светот.
Кариерата ја започнува во 1994 година во компанијата Delta
Holding, каде како генерален директор раководи со повеќе профитни центри: Delta
DMD, Delta Automoto, Delta Hemija. Од 2002 до 2010 година е генерален директор
на компанијата Delta Maxi, малопродажен ланец на Delta Holding. Во тој период,
Delta Maxi доживува брз раст, станува прво национален, а потоа и регионален
лидер во малопродажбата и од српскиот пазар се шири кон Бугарија, Албанија,
Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот во
Белград.
Добитник е на бројни награди, меѓу кои:
- Признание
за менаџер на годината, доделено од Клубот на деловни новинари за неговата
деловност и креативност (Белград, 2003);
- Меѓународно
признание за квалитет (Женева, 2008);
- Признание
„Планета Бизнис“ за најдобар менаџер во Србија за 2019 година, доделено од
економскиот магазин Бизнис магазин за успешно управување со
компанијата и придонесот во развојот на индустријата за осигурување во
Србија (Белград, 2020);
- Наградата
„Менаџер на годината“ за исклучителни деловни резултати и визионерски
пристап во работењето, доделена од Српската асоцијација на менаџери
(Белград, 2021);
- Наградата
„Работодавач на годината“ за компанијата Generali Осигурување Србија,
доделена од Српската асоцијација на менаџери (2022);
- Награда
„Лидер на деловна извонредност“;
- Признание
„Оскар на квалитетот за 2023“, доделено од Фондацијата за култура на
квалитетот и извонредноста во соработка со Стопанската комора на Србија,
под покровителство на Министерството за економија на Република Србија.