Вториот панел на The Economist, the World Ahead Meet UP, организиран по повод промоцијата на шестото издание на годишниот на престижниот Економист, кој нашите читатели имаат можност да го читаат на македонски јазик благодарение на ексклузивната лиценца што ја поседува компанијата Колор медиа плус, беше насловен: ЕСГ во 2024: Глобални трендови, локална применливост и одржливи инвестициски стратегии, а го модерираше Наташа Велковска, ПР-менаџер во Represent Communications.
Премин од доброволно во задолжителното известување за одржливост во ЕУ и САД. Глобална промена на берзите. Напори за унифициран систем за цени и тргување на јаглеродот. Фокус на природата и биодиверзитетот. Борба против т.н. гринашинг практики. Поширок фокус на луѓето, управувањето и влијанијата врз заедницат…
Овие трендови укажуваат дека 2024 ќе биде трансформативна глобално, но како тоа ќе се одрази локално елаборираат панелистите:
Душан Митрев, генерален директор на Пивара Скопје, македонска компанија со 100 годишна во која се спојуваат две големи светски корпорации Кока Кола и Хајнекен и неминовно за Пивара Скопје ЕСГ е стратешки приоритет години наназад.
Емилија Спировска, член на Управен одбор на ПроКредит Банка која работи на принципот на одржливо банкарство и известува за своите ЕСГ активности при што посебен фокус е ставен на влијание врз животната средина и општественото опкружување, како резултат на деловните активности на банката и од портфолиото на финансираните клиенти.
Д-р Ана Пепељугоска, адвокат партнер во Адвокатско друштво Пепељугоски, кое повеќе од 2ипол децении застапува застапува компании како што се: Микрософт, Гугл, Мерцедес, Пивара Скопје, Тиквеш и многу други.
Александра Томиќ, новинарка со долгогодишно искуство, сертифицирана со Блумберг ЕСГ сертификат и во моментов на позиција уредник на Блумберг Адрија Дигитал.
Пивара Скопје е компанија со 100-годишна традиција, а тоа значи дека бараме стратешки партнери со кои имаме заеднички интерес за остварување на нашите цели и стратегии – свет без отпат и свет без јаглеродни емисии. Како сме препознанени? Задоволство ми е да споменам дека сме препознаени во светски рамки, за што сведочат признанијата што ги добиваме со години. Се стремиме да бидеме компанија пример на темата одржлив развој, порачува Душан Митрев, и додава: