Дигиталната иднина на бизнисот: Технологија, иновации и трендови во 2024 година

Промоцијата на годишникот се одржа во хотелот „Холидеј ИН“, во организација на издавачот Колор медија плус и Represent Communications, а оваа средба беше наречена The Economist, the World Ahead Meet UP и е најава за конференциите кои ќе го следат секое наредно издание на магазинот.

По обраќањето на директорот на компанијата Колор медија плус, Александар Наков, почна првата панел-дискусија „Дигиталната иднина на бизнисот: Технологија, иновации и трендови во 2024 година“.

Модераторка на панелот беше Емилија Зографска, а панелисти:

Филомена Пљакоска Аспровска, главна извршна директорка и претседателка на Управниот одбор на КаСис АД Скопје, единствен картичен процесор во Република Северна Македонија сертифициран од страна на MasterCard, Visa и Diners International.

Киро Бурназовски, Country Manager за Република Северна Македонија на Evrotrust Technologies, компанија чие дигитално решение за електронски идентитет, дигитален потпис на далечина и доверливи услуги го користат над 200 големи корпоративни клиенти од 11 земји меѓу кои 15 големи банкарски групации од ЕУ.

Филип Арсов, искусен професионалец во областа на авијацијата, информатичките технологии и претприемништвото, ко-основач и сопственик на компанијата Synapse Аviation, чие софтверско решение Airport Briefing се користи на ниво на цела Луфтханза групацијата што вклучува десет авиокомпании.

Васил Буралиев, основач и сопственик на ВБУ Кoнсалтинг, кој им помага на стартапи што креираат софтверски производи.

Филомена Пљакоска Аспровска, какви иновативни трендови следи вашата компанија?

КАСИС е единствен процес за платежни трансакции со картички во државата, но работиме регионално и ги развиваме пазарите во околината. Иако нашиот бренд е најмногу познат по е-трговијата, КАСИС има многу големо портфолио на услуги и развојот го насочуваме во доменот на сите услуги што ги нудиме. Проектот за студентите – испетачивме голема квота картички за да добијат студентите помош, дејствуваме за подигнување на финаниската писменост кај младите, дигитализација на картички, плаќање со паметни уреди (телефон, часовник). Ковид ги забрза сите овие процес.

Од почетокот на ковид, се движиме по нагорна линија, компаниите и јавните претпријатија увидоа колкав е бенефитот од дигитализацијата и забрзаните процеси. Нашата компанија 100% гарантира за своите услуги, на компаниите им е многу полесно и побезбедно склучувањето на меѓународните договори и соработки, вели Киро Бурназовски, и додава:

Би сакал да потенцирам дека се развиваме на глобално ниво, за овие шест години имаме повеќе од 1,5 милион корисници на нашата платформа. Нашето дигитално решение за електронски идентитет во 2023 беше прогласено за едно од 10-те најбезбедни во светот.

2023 беше интересна година, би рекол година на закрепнување по ковидот, откако запре целиот свет. Поминаа речиси 3 години, успеавме да преживееме и дефинитивно годинава што изминува е многу важна за нас. Дигитализацијата е еден процес значаен за една авиокомпанија. Нашето софтверско решение Airport Briefing е, пред се’, наменето за пилотите, но нашата алатка нуди подобрување на увидот на ситуацијата, вели Филип Арсов.

Технологијата е некоја нова приказна која му е потребна на светот. Софтверските решенија имаат многу предизвици, меѓутоа сакам да истакнам дека компаниите што издаваат софтвери треба да се фокусираат на изнаоѓање нови решенија. Вештачката интелигенција ќе биде интересна сега и за нив, вели Васил Буралиев, и додава:

Технологијата во однос на испораката на бизнис-целите, никому не му е важно што има под хаубата, важно им е да се реши нивниот проблем. Ако се направи лош избор на технологија, тоа може да значи проблем подоцна. 

Дигитализацијата е процес кој не треба да го чекаме, бидејќи реално го живееме.