Стратегија на Пивара

Душан Митрев: „Стратегијата на Пивара е безвременска и заснована на четири клучни столба“

Душан Митрев, генерален директор на Пивара Скопје, беше еден од говорниците на овогодинешната конференција The Economist MeetUp, каде што го истакна значењето на корпоративната стратегија и нејзината улога во економскиот и општествениот развој. Во своето излагање, тој ја презентираше безвременската стратегија на Пивара Скопје, која се темели на четири клучни столба:

„Стратегијата на Пивара денес е истата што била досега и ќе остане иста во иднина – безвременска и заснована на четири клучни столба: нашето диверзифицирано портфолио на брендови и производи, партнерскиот однос и заедничкото делување со купувачите, грижата за заедницата што ја покажуваме преку конкретни дела и факти, и најважното – грижата за нашите вработени, нашата ‘тајна состојка’. Иако стратегијата е конзистентна, реалноста бара флексибилност. Предизвиците ќе продолжат, а реалноста постојано носи нови тестови. Затоа, треба да се фокусираме на она што можеме да контролираме, додека за екстерните фактори да најдеме прифатливи решенија. Само така ќе осигуриме постојан напредок,“ истакна Митрев.

Стратегија на Пивара

Во своето излагање, преку конкретни бројки, тој ги презентираше клучните заклучоци од новата Студија за социо-економско влијание, која ја претставува Пивара Скопје како двигател на локалната економија. Компанијата креира годишна додадена вредност од речиси 130 милиони евра, со што се позиционира како пример за тоа како една компанија треба успешно да влијае врз македонската економија и општество.

„Студијата нуди можност за споредба на економското влијание на компанијата со останатите компании во земјата и регионот, идентификувајќи простор за натамошен напредок,“ додаде Митрев.

Панелот: „Бизнис, закон и заедница: Како големите компании го обликуваат економскиот и општествениот раст“, модериран од Невена Георгиевски Ангеловска, менаџер за комуникации во Пивара Скопје, ги осветли стратегиите што компаниите ги применуваат за да придонесат кон економскиот развој и потребата од правна регулатива што поттикнува бизнис сигурност.

Покрај Душан Митрев, учесници беа и: Душко Чифлиганец, заменик-претседател на Адора Бизнис Групација, кој зборуваше за важноста на инвестициите во градежништво, енергетика и финансии, и Д-р Ана Пепељугоска, партнер во Адвокатското друштво Пепељугоски, која го нагласи значењето на регулативата за иновации и развој.

Дискусијата ја истакна улогата на големите компании во создавањето долгорочни вредности преку иновативни и одговорни стратегии. Учесниците се согласија дека долгорочниот успех зависи од балансирање на економските цели со општествените придонеси.

Конференцијата The Economist MeetUp продолжи да служи како значајна платформа за дискусии што ги обликуваат економските и општествените текови во земјата и регионот.