Колективната анксиозност денес има ново име: Вештачка интелигенција. Прашањата за тоа дали алгоритмите ќе ја узурпираат човечката важност, дали ќе го преземат донесувањето одлуки или ќе ги избришат работните места, станаа доминантен наратив во јавниот дискурс. Но, ако ја тргнеме настрана хистеријата, реалноста е многу попрагматична.
Вистината е дека АИ веќе не е футуристички концепт, туку оперативен стандард на сегашноста. Во оваа нова равенка, границата помеѓу стравот од застареност и конкурентската предност не е самата технологија, туку брзината на стекнување знаење за неа.
На регионалната сцена на The Economist MeetUp – Светот во 2026, фокусот неизбежно падна врз вештачката интелигенција, но наративот доби сосема нова димензија за време на првиот панел. М-р Валентина Тасевска, генерална директорка и сопственичка на Семос Едукација, не само што ја отвори темата, туку ефективно ги демонтираше вкоренетите стереотипи за судирот помеѓу технологијата и пазарот на труд. Нејзиното излагање послужи како стратешки противотров за стравот од застареност – аргументирано побивајќи ја тезата дека АИ ќе го замени човекот и наместо тоа, осветлувајќи го хоризонтот на непресушни можности каде единствената валута за успех се новите знаења и вештини.
„Активно сум вклучен во светот на вештачката интелигенција уште од 2019 година. Во тоа време, AI Fundamentals беше само пилот-проект, но интересот во Македонија беше изненадувачки голем. Од околу 1.000 учесници на курсот, дури 330 се стекнаа со официјален Microsoft сертификат,“ вели м-р Валентина Тасевска, осврнувајќи се на првите чекори на системска АИ едукација во земјата.
Таа посочува дека интересот и потенцијалот постоеле многу порано отколку што јавноста денес претпоставува. „ Кога се сретнав со претставниците на Microsoft, тие беа фасцинирани од тој податок. Додека мапата на светот во многу земји беше празна, Македонија веќе имаше над 300 ‘точки’ сертифицирани експерти. Тоа е навистина сериозна и возбудлива успешна приказна која покажува дека сме во тек со глобалните трендови…“

АИ како можност, не како закана
Еден од најчестите митови е дека вештачката интелигенција директно ќе ги замени луѓето. Но податоците и искуството од праксата говорат спротивно.
„Има еден податок кој што вели дека 190 милиони нови позиции глобално ќе се отворат, а околу 92 ќе замрат. Значи тоа е можност, а не е закана. Дали АИ ќе те замени? Нема да те замени. Ама ако не знаеш да го користиш правилно, секако ќе останеш зад останатите,“ истакнува Тасевска.
Новите професии веќе се јасно видливи – од дигитална безбедност и работа со податоци, до улоги што до неодамна не постоеја. „Ќе го потенцирам поимот prompt engineer,“ додава таа, посочувајќи дека не станува збор за користење на АИ како „Google 2.0“, туку како алатка што реално ја зголемува продуктивноста и носи деловна вредност.
Едукацијата како клучна инвестиција
Според Тасевска, најголемиот ризик не е самата технологија, туку неструктурираното користење. „Втората фаза е каде што во секоја компанија, вработените користат „bring your own AI“Компанијата нема став, нема идеја што се случува со вештачката интелигенција и тоа е прилично опасна фаза.“ ешението, според неа, е јасно: основна АИ писменост, координирана едукација и стратегиски пристап. „Основното познавање на користење на АИ од аспект на продуктивносттреба да биде координирано на ниво на држава, асоцијации, компании.“
Предност за оние што ќе почнат порано
Крајната пресуда е недвосмислена: Вештачката интелигенција не е архитект на нашата иднина , таа улога сè уште им припаѓа на луѓето. Но, технологијата ќе дејствува како голем филтер, повлекувајќи остра линија на поделба помеѓу оние што ќе останат парализирани од неизвесноста и оние што ќе ја искористат како отскочна даска преку навремена едукација.
Тасевска ја сумира оваа нова реалност со јасен императив: „Останете професионалци во она што сте, но апсолутно 100 процентно надополнете го знаењето со АИ во својата област.
Во економија каде единствената константа е брзината на промените, симбиозата на длабока стручност засилена со АИ писменост, престанува да биде само предност и станува основен услов за релевантност на пазарот на труд што се раѓа пред нашите очи.
ПР објава – webmind.mk
