The Economist MeetUp 2026

Филомена Пљаковска Аспровска: „Кога технологијата учи побрзо од нас“ – АИ како нова реалност на финансискиот свет

Што е потребно за да се остане релевантен во 2026 година? Ако судиме според заклучоците од The Economist MeetUpСветот во 2026, одговорот лежи во способноста за брза адаптација. Конференцијата оваа година послужи како платформа за демистифицирање на иднината, ставајќи го фокусот врз она што навистина е важно – како технологијата, пред сè вештачката интелигенција.

Времето кога на вештачката интелигенција се гледаше како на апстрактен концепт од иднината е официјално завршено. Денес, разговорот е прагматичен, итен и суштински. АИ не само што чука на вратата на бизнисот, таа веќе ја преуредува просторијата. Трансформирајќи се од пасивна технологија во активен учесник во секојдневните процеси, таа темелно го редефинира нашиот ‘modus operandi’ – менувајќи го неповратниот тек на тоа како работиме, како комуницираме и, можеби најважно, како носиме стратешки одлуки.

Измамата и вештачката интелигенција

Во рамките на динамичните ‘Fire Talk’ сесии на The Economist MeetUp, Филомена Пљаковска Аспровска, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на КАСИС, го истакна можеби најважниот предизвик на дигиталната ера, императивот за претпазливост во трката со технологијата.

„Како што технологијата оди напред, еволуираат и начините на измама па така треба да еволуираат и безбедносните системи и механизми, да учиме како треба да се грижиме за себе во новиот свет, посебно кога станува збор употребата на АИ. Таа многу помага, но треба да знаеме како правилно да ја користиме.“

Оваа констатација прецизно ја дијагностицира тенката линија помеѓу иновацијата и ранливоста. Иако вештачката интелигенција е неспорен катализатор за ефикасност, таа паралелно го редефинира опсегот на ризици. Пораката е јасна: во новиот екосистем, сајбер-безбедноста престанува да биде само техничка опција и станува фундаментален деловен имунитет против софистицираните финансиски злоупотреби.

The Economist MeetUp 2026

Дали вештачката интеличенција ќе носи одлуки наместо нас?

Дихотомијата во примената на вештачката интелигенција е очигледна: додека во B2B секторот таа служи како тивок, но моќен мотор за интерна автоматизација и оптимизација на процесите, кај крајните корисници таа е лицето на новото, хипер-персонализирано искуство. Сепак, вистинската промена на парадигмата лежи во следниот чекор – еволуцијата од асистент во носител на одлуки.

„Интерно постојано работиме на нови системи, веќе имаме АИ системи кои што ги користиме во насока за зголемување на ефикасноста и автоматизација на процесите. Верувам дека многу скоро ќе дојде и кај нас, нешто што во светот веќе се практикува, а тоа е моментот кога АИ агентите нема само да ни помагаат при купување, туку ќе носат одлуки и ќе купуваат наместо нас“ истакна Пљаковска – Аспровска.

Сојузник или тивка закана?

Но, иновацијата без заштита е само ризик. Токму тука, вештачката интелигенција се етаблира како несомнено најмоќниот сојузник на финансиските институции. Таа ја менува парадигмата на заштита – од реактивно блокирање кон интелигентна превенција на сомнителните трансакциски обрасци, нудејќи прецизност која е недостижна за традиционалните системи.

Користењето на вештачката интелигенција во системите за детекција и превенција на ризични трансакции е една од нејзините најголеми вредности денес, особено во спречувањето на злоупотреби,“ додаде таа.

Човекот во центарот

Сепак, дури и во ерата на алгоритмите, финалната варијабла останува човекот. Клучната поента што одекна на конференцијата е дека технологијата е само мултипликатор на човечкиот потенцијал, а не негова замена. Инвестицијата во иновации е залудна без паралелна инвестиција во човечкиот капитал.

Континуираната едукација и ‘upskilling’ процесите веќе не се само HR-термини, туку стратешки предуслов за одржливост. Компаниите кои го разбраа ова, веќе ги жнеат плодовите – што се потврдува и преку фактот дека по силните перформанси во изминатиот период, 2025 година постави нови историски маргини на успех, трасирајќи го патот за иден раст.

Заклучокот од овогодинешниот The Economist MeetUp е недвосмислен: Вештачката интелигенција сама по себе нема да ја дефинира иднината. Нашата релевантност во годините што доаѓаат ќе зависи исклучиво од нашата мудрост да ја интегрираме, да учиме од неа и да ја ставиме во служба на општествениот напредок.

ПР објава – inovativnost.mk