Валентина Тасева, генерална директорка и сопственичка на Семос Едукација.
Во време кога технологијата се развива побрзо од способноста на пазарите да ја апсорбираат, вистинската предност не е во алатките, туку во знаењето што стои зад нив. За малите економии, како македонската, ова правило е уште појасно: растот не доаѓа од масовно производство, туку од континуирано вложување во вештини, дигитална писменост и способност за адаптација. Токму затоа образованието и обуките стануваат стратешка инфраструктура, а не спореден сектор.
Семос Едукација веќе три децении ја гради токму таа инфраструктура. Од развој на IT-кадри и поддршка на дигиталната трансформација, до интеграција на вештачка интелигенција во бизнис-процеси, компанијата се позиционира како регионален играч во економијата на знаење.
Во разговор со Валентина Тасева, генерална директорка и сопственичка на Семос Едукација, зборуваме за 30-те години лидерство, за глобалните партнерства што ја носат Македонија на мапата на технолошката експертиза и за тоа зошто AI не е само технолошки тренд, туку системска промена што бара стратегија, култура и луѓе подготвени да учат постојано.

Семос Едукација оваа година одбележува 30 години успешна работа. Компанијата е препознатлива по развој на IT-кадри и дигитална трансформација во Македонија и регионот. Со над 400 курсеви, повеќе од 11.000 учесници и партнерство со над 400 компании годишно, Семос Едукација создава нови професии и ја гради економијата на знаење.
Нашата сила е во партнерството. Освен со домашни компании и комори, како Стопанска и Германско-македонска, имаме силно присуство преку LLPA мрежата во 32 земји, каде што сум дел од бордот на директори. Од Македонија извезуваме тренери кои обучуваат водечки компании во Европа – Volvo, Shell, ING – со стотици учесници на обуки во Холандија, Норвешка, Германија, Ирска…
Семос Едукација е партнер на глобални вендори како Microsoft, AWS и Cisco и ги следи трендовите во cloud-технологии, сајбер-безбедност, анализа на податоци и AI-интеграција. Кај нас, целта не е само да понудиме курс, туку да обезбедиме разбирање зошто и како знаењето се имплементира. Затоа воведуваме learning consultancy – стратегија за компетенции и целосно решение базирано на Microsoft, со проценка на состојбата, анализа на потребите и имплементација на AI. Преку Microsoft алатките нудиме достапни апликации за автоматизација на процеси.
Во последните три години приходот порасна за 35%, а околу 30% од приходот е од странски пазари, што покажува глобална препознатливост. На домашниот пазар бројот на академии достигна 18, сите со модули за AI.
Најголемата промена ја носи вештачката интелигенција. AI веќе не е само технолошка алатка – таа е дел од секојдневието на компаниите и поединците. Само во 2025 реализиравме неколкудневни, сертифицирани обуки за AI за речиси 1000 слушатели – од основни програми за бизнис корисници до напредни академии за инженери и аналитичари. Соработката со нашите партнери ни овозможува да креираме програми адаптирани за AI по индустрии и работни позиции.
Денес работиме во два правци:
AI имплементација – почнува со креирање тим одговорен за идентификација на бизнис-целите и бизнис-процесите кои ќе бидат подобрени со AI, но и подготвеноста на вработените, едукацијата на вработените и пилот-проектите.
Технички аспект – почнувајќи од најважниот момент на IT-безбедност, преку управување со податоците и замена на бизнис процеси со AI агенти.
Имплементацијата на AI е стратегиски процес кој мора да биде поддржан од менаџментот бидејќи влијае на стратегија, буџети и процеси. Целта е јасна: АI да донесе мерлива бизнис вредност преку ефикасност, продуктивност, намалување на трошоци.
Иако АI е во фокусот, остануваме силно позиционирани во IT-сегментот со обуки за сите апликации во секојдневното работење на компаниите – почнувајќи од Ворд, Ексел па до напредни обуки за сите IT-професионалци.
За 2026 се предвидува реализација на нови знаења во рамки на постоечките професии, консалтинг за имплементација на IT и AI (вклучувајќи AI агенти), интеграција на AI во бизнис процеси и лансирање академии по индустрии и производство. Посветеноста на IT-сегментот останува висок приоритет бидејќи на вработените во македонските фирми сè уште им недостасуваат IT-вештини, што е утврдено во разговор со голем дел од компаниите.
Ова се активности кои веќе се спроведуваат.
По 30 години, визијата останува иста – да создадеме знаење што менува животи и да ја позиционираме Македонија како успешен пример за дигитална трансформација која обезбедува кадри конкурентни на глобалниот пазар.
Фото: приватна архива
