Кога бројките зборуваат за доверба: Рекордна година за EOS Матрих

Катерина Бошевска, генерален директор на EOS Матрих, за Економист: Светот во 2026-та.

2025 година беше пресвртница. Постигнавме историски најдобар резултат, што јасно ја потврди исправноста на стратегијата што ја градиме три години. Нашиот модел се покажа како стабилен, отпорен на предизвици и оперативно подготвен да одговори со конзистентност и сигурност.

Тоа го препознаа и нашите клиенти, што дополнително ја продлабочи соработката. Оваа година успешно ги презедовме двете најголеми портфолија на нефункционални пласмани некогаш понудени на домашниот пазар – едното необезбедено, другото обезбедено. Ова не е само деловен успех, туку и важен индикатор за доверба и зрелост на пазарот.

Инвестиравме 15 милиони евра, повеќе од двојно во однос на 2024 година. Со тоа, нашата вкупна инвестиција на пазарот надмина 30 милиони евра, што ја демонстрира нашата долгогодишна определба да придонесеме за зајакнување на економскиот циклус и поддршка на населението и компаниите во процесот на раздолжување.

Сепак, во поширок контекст ова не беше година без предизвици. Што недостига?

 Главен предизвик за нашиот пазар е одржувањето на динамиката на секундарниот пазар на нефункционални пласмани. Тоа е можно само преку имплементација на европската регулатива која ќе донесе стандардизација и поставување задолжителни европски стандарди. Тие стандарди ќе обезбедат висок квалитет на услуга за клиентите, но и коректен и фер третман на преземените крајни корисници. 

Кои се главните фактори што придонесоа за интензивен раст во сегментот на меѓународната наплата?

Компанијата располага со портфолио од 150.000 случаи, од кои активно соработуваме со речиси половина, бидејќи со останатите не може да се воспостави контакт.

Во 2025 година значително се унапреди комуникацијата со компаниите што се најдоа во нашето портфолио и се зголеми интересот за нашата меѓународна платформа за наплата на побарувања.

Според статистиката со која располагаме, за последната фискална година на глобално ниво отворени се 100.614 нови предмети за меѓународна наплата во над 196 земји. Станува збор за 1.830 компании, од кои 829 нови клиенти. На овие предмети работат 566 експерти во земјите-партнери. Од започнување на постапката за меѓународна наплата до првата уплата поминуваат во просек 86 дена, а речиси 99 % од предметите се наплатуваат вонсудски.

Преку платформата обезбедуваме стручна, локализирана и соодветна услуга на пазарите каде што се генерираат побарувањата. Успешни сме затоа што демонстрираме стручност, слушаме, пристапуваме со разбирање и врз основа на стекнатото искуство секогаш знаеме како да помогнеме и да дојдеме до решение.

Услугата за наплата е исклучително важна, особено во време на економска нестабилност. Колку им значи на корисниците да имаат компанија со интегритет на другата страна?

Соработката со меѓународно признат и етаблиран партнер како EOS Матрих секогаш носи предност. Нашите процеси не вклучуваат импровизации – секоја активност е базирана на правила, стандарди и најдобри практики.

Со цел да ги поддржиме нашите корисници, ја развивме платформата My EOS, преку која секој може со едноставна регистрација да провери дали се наоѓа во нашето портфолио, да добие увид во својата индивидуална состојба и – најважно – да стапи во контакт со нас.

Ние сме посветени, преку транспарентна комуникација и етички пристап, да го најдеме најдоброто решение за ослободување од задолжувањата. И на компаниите и на граѓаните им гарантираме професионалност, стручност и целосно разбирање од страна на беспрекорно обучен тим и дигитални алатки на чиј развиток континуирано работиме.

Фото: приватна архива