The Economist MeetUp 2026

Од алтернатива до стандард: Бјанка Катру за еволуцијата на финтек секторот во ерата на вештачка интелигенција

На престижниот „The Economist MeetUp: The World Ahead 2026“, директорката на М Кеш, Бјанка Катру, ја деконструираше иднината на финансиите: од „security-by-design“ архитектура до целосна автоматизација на процесите.

Доколку пред една деценија финтек (fintech) компаниите само го предизвикуваа традиционалното банкарство, денес наративот е сосема поинаков. Тие повеќе не се алтернатива, туку стратешки актери кои ги поставуваат новите стандарди за брзина, автоматизација и корисничко искуство.

Ова беше клучната порака на Бјанка Катру, директорка на првото финансиско друштво во Македонија, М Кеш, за време на своето излагање на бизнис конференцијата„The Economist MeetUp: The World Ahead 2026“. Катру зборуваше за трансформацијата на компанијата од финансиска институција во технолошки хаб, најавувајќи ера каде што кредитна одлука се носи за помалку време отколку што е потребно да се нарача кафе.

The Economist MeetUp 2026

Демократизација на капиталот: Брзина како нова валута

„Нашата улога е да демонстрираме дека финансиската услуга може да биде подеднакво брза, едноставна и логична како секоја современа апликација на вашиот телефон,“ истакна Катру.

Во свет каде што корисничкото трпение се мери во секунди, М Кеш направи радикален пресврт од физичко присуство кон целосна дигитализација. Со имплементација на дигитална идентификација, електронски потпис (e-sign) и автоматизирани „scoring“ модели, компанијата го скрати процесот на аплицирање на само 3 до 5 минути.

„Веќе не зборуваме за часови, туку за минути. Со интеграциите во валидациските системи (AutoCheck, AML, KYC), создадовме екосистем каде бирократијата е елиминирана,“ објаснува Катру.

Како лидер на пазарот, компанијата ја проширува оваа филозофија и преку новиот бренд „Фин Кредит“. Овој стратешки потег е насочен кон соработка со синдикатите, овозможувајќи им на вработените целосно онлајн пристап до средства под поволни услови – директно од својот дом или канцеларија.

Довербата во дигиталната ера: „Security-by-Design“

Едно од најчестите прашања во дигиталните финансии е безбедноста. Катру е децидна: во финтек светот, безбедноста не е опција, туку темел.

„М Кеш го применува принципот security-by-design. Безбедноста не е додаток, туку основен дел од архитектурата на нашиот систем,“ вели таа, откривајќи дека компанијата инвестира приближно 10% од својот технолошки буџет исклучиво во сајбер безбедност.

Ова подразбира софистицирана енкрипција, сегментирана инфраструктура и строги GDPR политики. Катру најави и фаза на имплементација на 24/7 мониторинг со „behavior analytics“ – напредна аналитика која автоматски открива сомнителни обрасци и трансакции во реално време.

„Довербата се гради преку предвидливост и бескомпромисна заштита. Со независни пенетрациски тестови и автоматизирани AML (Anti-Money Laundering) процеси, ние гарантираме дека податоците на клиентите се безбедни како во сеф.“

The Economist MeetUp 2026

Визија 2026: Од финансиска кон технолошка компанија

Можеби најзначајниот дел од излагањето на Катру на The Economist MeetUp беше нејзината визија за идентитетот на компанијата.

„Следната етапа е јасна: финтек компаниите стануваат технолошки организации кои развиваат финансиски производи, а не обратно,“ поентираше таа.

Иднината, според Катру, лежи во три клучни столба:

  1. Дигитален идентитет: Употреба на OCR технологија и биометрија за „онбординг“ на клиенти под 2 минути.
  2. E-Wallet платформи: Интеграција на QR плаќања, програми за лојалност и персонализирани понуди во еден центар.
  3. Вештачка интелигенција (AI): Премин од историска кон предиктивна анализа на ризик.

„Со помош на вештачката интелигенција, можеме да автоматизираме 70-80% од одлуките, базирајќи ги не само на историјата, туку на реалните навики и потенцијалот на клиентот,“ заклучува Катру.

ПР објава – faktor.mk