Ксенија Кариќ – Основач и генерален директор (CEO) на консултантска компанија Bridge Advisory на Economist MeetUp 2027

Ксенија Кариќ има повеќе од 25 години професионално искуство и експертиза стекнати на различни раководни позиции. По завршувањето на студиите по економија на Универзитетот во Нотингем, Обединетото Кралство, ја започнува својата кариера како SAP консултант. По неколку години работа во ИТ-индустријата, своето искуство го надградува во некои од најголемите енергетски компании, меѓу кои и Schneider Electric, каде што ја извршува функцијата генерален директор за Србија и Црна Гора.

Во Siemens развива и раководи со дивизиите за нафта и гас и за производство на електрична енергија. Нејзината кариера повторно ја води кон ИТ-индустријата, сајбер-безбедноста и спојувањата и преземањата, а неодамна прави значаен професионален исчекор и ја основа сопствената консултантска компанија Bridge Advisory.

Посветена е на унапредувањето на дигитализацијата, електрификацијата, зелената енергија, индустриската автоматизација и одржливоста. Преку својата работа, посветеност и личен пример, таа придонесува и кон поголема афирмација на жените во STEM-областите.

Ксенија била претседателка на Комитетот за енергетика и членка на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија (AmCham), како и потпретседателка на AFA.

Мајка е на три деца.

Economist
MeetUp

За дополнителни информации или партнерство за конференцијата обрате ни се по електронска пошта
info@economistmeetup.com.mk

Организатори на настанот:
Represent Communications