Светот во 2025

Светот во 2025: Конференција што ја обликува иднината

Во време кога светот се движи побрзо од кога било, потребно ни е место што ќе нè инспирира да застанеме, да размислиме и да создадеме. The Economist MeetUp – Светот во 2025 е токму тоа место – каде што најголемите умови од регионот и пошироко ќе се соберат за да зборуваат за она што не чека зад аголот.

На 11 декември 2024 година, Холидеј Ин Скопје ќе биде домаќин на The Economist MeetUp – Светот во 2025, ексклузивен настан што ги обединува најистакнатите лидери од бизнисот, технологијата и општествената одговорност. Оваа конференција, организирана од Represent Communications Macedonia и Color Media Plus, претставува платформа за дискусија на најрелевантните теми кои ќе го обликуваат нашиот свет во иднина.

Приказни што ја обликуваат иднината

Што значи да се биде лидер денес? За Раде Ракочевиќ, тоа значи да ги менувате правилата на играта. Неговото искуство од речиси три децении во инвестициските пазари го прави не само експерт, туку и визионер кој сака да ги сподели своите знаења за финансиската писменост со регионот. Неговата приказна за Senzal Capital не е само инспиративна, туку и повик за акција – дека иднината е во нашите раце ако знаеме како да ја управуваме.

Од друга страна, Небојша Матиќ ја раскажува приказната за еден човек кој од гаража создаде глобален успех. Неговата компанија Микроелектроника не само што соработува со NASA и Boeing, туку и го редефинира балансот меѓу работата и животот со воведување четиридневна работна недела. Матиќ е доказ дека иновацијата започнува со малку храброст и многу труд.

Панел-дискусии што инспирираат

Настанот е повеќе од конференција – тоа е форум за идеи што инспирираат. Панелите ќе ги опфатат најважните теми за денешницата и утрешницата:

  • Како технологиите го менуваат начинот на кој работиме и живееме.
  • Зошто општествената одговорност е повеќе од тренд – таа е неопходност.
  • Како да се надминат трговските бариери и да се отвори патот кон ЕУ.

Ова се теми што ќе ве натераат да размислувате, да се прашувате и, најважно, да делувате.

Мрежи што ја создаваат иднината

Посебен акцент на конференцијата е ставен на можноста за директно поврзување со лидери од регионот и Европа. Ова е платформа за размена на искуства и креирање нови партнерства, овозможувајќи учесниците да ги прошируваат своите деловни хоризонти.

Бидете дел од приказната

The Economist MeetUp – Светот во 2025 е повеќе од настан – тоа е место за инспирација, промена и акција. Македонското издание на The World Ahead 2025 ќе биде претставено токму тука, отворајќи нови погледи кон прозорецот на иднината. Несомнено не чека бурна година, година која уште повеќе ќе донесе револуција кон новите технологии.

Резервирајте го своето место денес и станете дел од заедницата што ја создава иднината. Ова не е само конференција – ова е моментот кога иднината започнува сега.