Конференција што ги поврзува лидерите од бизнис-заедницата, носителите на политики и индустриските експерти во дискусија за трендовите, предизвиците и можностите што ќе ја дефинираат 2027 година.
Конференцијата носи свежи перспективи, релевантни информации и можност за размена на идеи меѓу лидери од бизнис-заедницата, извршни директори, носители на одлуки, претставници на дипломатскиот кор и владини институции. Како настан со високо ниво на содржина и публика, Economist MeetUp 2027 претставува платформа за вмрежување, дијалог и навремено разбирање на промените што ќе влијаат врз стратегиите, конкурентноста и развојот на компаниите.
Во рамки на конференцијата ќе се промовира годишното издание на престижниот британски магазин The Economist.
Како компаниите од Балканот можат истовремено да ја зголемат продуктивноста со AI, да се декарбонизираат за извоз во ЕУ и да ја зајакнат финансиската стабилност – без да ја изгубат конкурентноста.
AI веќе не е само технолошки тренд, туку алатка за деловна трансформација. Оваа тема ќе се фокусира на тоа како компаниите можат да ја користат вештачката интелигенција за поголема продуктивност, подобро носење одлуки, автоматизација, подобро корисничко искуство и поголема конкурентност.
Зелената транзиција станува директно поврзана со извозот, производството и пристапот до европските пазари. Оваа тема ќе отвори прашања за CBAM, енергетската ефикасност, емисиите како деловни податоци и тоа како компаниите од регионот можат да се декарбонизираат без да ја изгубат конкурентноста.
Во услови на инфлација, притисок врз ликвидноста и променливо платежно однесување, финансиската отпорност станува клучна за компаниите и потрошувачите. Оваа тема ќе се фокусира на пристапот до финансирање, управувањето со ризик, дигиталните плаќања, финансиската доверба и улогата на банките, финансиските институции и платежните провајдери во поддршка на реалната економија.
Economist MeetUp не нуди само видливост, туку кредибилна платформа за бизнис позиционирање, thought leadership и директен пристап до публика што носи одлуки.
Партнерите добиваат:
Пристап до релевантна деловна публика: извршни директори, бизнис лидери, институции, дипломатски кор и креатори на политики;
Позиционирање во контекст на Economist MeetUp платформата и регионалната бизнис агенда за 2027 година;
Медиумска видливост пред, за време и по настанот преку потврдени медиумски партнер
Можност за поврзување на компаниската експертиза со клучните бизнис предизвици за 2027 година
Вмрежување со компании од финансии, технологија, индустрија, право, ESG и бизнис услуги
За дополнителни информации или партнерство за конференцијата обрате ни се по електронска пошта:
+389 2 311 4887
Организатори на настанот:
Represent Communications